• сабота, 10 јануари 2026

Хамас: Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 19 лица

Хамас: Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 19 лица

Газа, 21 мај 2025 (МИА) - Цивилната заштита на Појасот Газа, која е управувана од Хамас, денеска објави за 19 загинати во израелските воздушни напади врз енклавата, додека Израел упорно се обидува да го уништи исламистичкото движење и да ги спаси преостанатите заложници киднапирани пред 20 месеци. 

„Нашите тимови транспортираа 19 мртви и неколку десетици ранети по воздушните напади во различни делови од Појасот Газа изминатата ноќ и рано утрово“, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната заштита.

Тој тврди дека повеќето од жртвите се жени и деца.

Израелската армија ја засили својата офанзива во Појасот Газа во последните денови со цел да го уништи исламистичкото движење Хамас и да ги спаси преостанатите заложници. 

Тие заложници беа киднапирани на 7 октомври 2023 година, кога борците на Хамас од Газа влегоа во Израел и нападнаа рурални заедници - кибуци и млади на музички фестивал, што предизвика војна меѓу двете страни. Се претпоставува дека Хамас држи уште 59 заложници, од кои само 24 се живи. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан