• понеделник, 23 декември 2024

da se doraboti//Системот ги остави на „суво“  жртвите на мобинг

da se doraboti//Системот ги остави на „суво“  жртвите на мобинг

Штип, 13 ноември 2022 (МИА) - Над 20 години, секојдневно била свиткана на 30 санитимери од машината за шиење. Марија Јованова е една од текстилните работнички кои трпеле мобинг во фабричките хали.

-Има луѓе, газди, работници, претпоставени, шефови, мајсторици, што едноставно не ја ни вклучуваат културата на некое ниво, домашното воспитание, па така тоа се претвара во еден мобинг, што е ниезбежен во работата. Едноставно секогаш е било со повисок тон и со не толку погрдни зборови, али пцости и клетви што викаме ние народски ДА, вели Марија Јованова во разговор за МИА.

-Што е заедничко на сето ова што го наброивте? Комуникација. Значи ако имате недолична, промашена, несоодветна комуникација ќе ги имате сите овие елементи кои ги набројавте, рече Милан Петковски, претседател на Македонско здружение за заштита при работа. 

Работниците освен што трпат мобинг, преку исмејување, навредливи зборови, од своите претпоставени можат да добијат и работни задачи кои се понижувачки и не се соодветни на степенот на образование. Анализите и податоците на македонските институции покажуваат дека најхрабри да го пријават мобингот, но и дискриминација на работно место се вработените во администрацијата.

-Од аналитичката обработка на извештаите доставени од страна на инспекторите најмногу имаме во секторот трговија и во јавниот сектор. Во делот на половата структура има, речиси балансот е тука, вели Весна Томовска директор на Државен инспектора за труд.

-Значи работниците, коишто се вработени во јавниот сектор многу почесто се охрабруваат да поднесат барање за заштита од вознемирување на работно место, за разлика од работниците, работничките, кои се вработени во приватниот сектор. Значи тоа е баш очигледна разлика, многу е поголем овој број на вработени во јавниот сектор, додава Игор Јадровски Комисија за заштита од дискриминација

-Мислам дека концептот на мобинг не е доволно познат кај работниците, најчесто се на пример во ситуации да говорат за него или вознемирувањето на работно место, кога навистина ќе се случи и кога ќе го изгубат работното место. Се до моментот кога тоа не се случи, работниците тешко го препознават и мислам дека и самиот систем го има конципирано така и секој може да го толкува дека е вознемирување или невознемирување на работно место, рече Милан Петковски претседател на Македонско здружение за заштита при работа.

Во фабричките погони, на работните места има и сексуално вознимирување.

-Она што во најголем број од случаевите, останува непријавено е сексуалното вознимирување на работното место, кое неретко се тривијализира како хумор од надредените, колегите. Во мнозинството од случаите, оној којшто го прави вознемрувањето најчесто е маж и на надредена позиција, истакна Васка Лешоска, истражувач во Реактор –Истражување во акција.

Судски постапки има, траат со години, а работниците мобингот тешко го докажуваат пред институциите. Невладините, синдикатите, но и самите институции побараа нов Закон за мобинг, на кој веќе се работи.

-Јас бев експерт во таа работна група, односно експерт од Министерството за труд и социјална политика. Работев на таа верзија и можам да коментирам само за таа работна верзија. До крајот не знаеме која ќе биде финалната верзија на тој Закон, меѓутоа ова којашто беше работна верзија од работната група има доста новини коишто верувам дека ќе донесат позитивен исход и други позитивни примери и судски пресуди во корист на жртвите, вели Маја Ристова адвокат и експерт вклучена во работната група за Законот за мобинг.

-Сметам дека моментално што се вели во Законот дека шест месеци треба една работничка да го трпи мобингот, па подоцна да го пријави истиот, па дека треба претходно да поднесе до самиот и до оној којшто го врши мобингот да поднесе, прекине со мобинг мислам дека тоа воопшто не е во ред, рече Кристина Ампева Здружение „Гласен Тестилец“-Штип.

-Можеме да имаме и најголема казна, меѓутоа ако Државниот инспекторат прави надзор и притоа сето тоа заврши со опомена, залудно имаме ние високи казни или да имаме супер изготвен Закон на хартија, ако немаме имплементација во самата пракса, потенцира Ристова.

Додека се кројат новите Закони за мобинг и за работни односи, работниците си заминуваат од реалниот сектор. Бројките се поразителни.

-Едноставно преживуваш во текстилна индустрија. Затоа ја сменив брашната на стари години што викаме, се учиме на се и сешто, се одлучив во друга брашна. Фала ти господи, вели поранешната текстилна работничка Марија Јованова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан