• петок, 22 ноември 2024

Австралија ја суспендира жалбата против Кина пред СТО

Австралија ја суспендира жалбата против Кина пред СТО

Канбера, 11 април 2023 (МИА) – Австралија по три години ја суспендира жалбата до Светската трговска организација (СТО) во обид повторно да го отвори кинескиот пазар за својот јачмен. Тоа е уште еден чекор на новата влада да ги поправи односите со Пекинг.

Кина го затвори својот пазар за австралискиот јачмен во мај 2020 година, наметнувајќи царина од 80 отсто. Одлуката уследи откако австралиска Влада го налути Пекинг барајќи независна истрага за потеклото и одговорот на пандемијата Ковид-19. Потоа Канбера ги оспори кинеските царини во СТО.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг денеска изјави дека лабуристичката Влада, што беше избрана во мај, постигнала договор со Кина што „го отвора патот за решавање на спорот со австралискиот јачмен“.

- Кина се согласи да ги ревидира своите царини за житото за три или четири месеци, а Австралија привремено ќе го прекине спорот со СТО во тој период. Ако не биде укината царината во тој период, ние ќе го продолжиме спорот во СТО, посочи Вонг.

Формалните и неформалните трговски бариери против низа стоки, вклучувајќи говедско месо, морска храна и дрва, ги чинат австралиските извозници околу 14 милијарди долари годишно. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан