Арагчи: Убиството на Лариџани нема да го дестабилизира Иран
- - Убиството на Али Лариџани нема да влијае врз стабилноста на Иран. Политичкиот систем во Иран е цврст и отпорен - изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Техеран, 18 март 2026 (МИА) - Убиството на Али Лариџани нема да влијае врз стабилноста на Иран. Политичкиот систем во Иран е цврст и отпорен - изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
„Не знам зошто Американците и Израелците сè уште не ја сфатиле таа фактичка состојба: Исламската Република Иран има силна политичка структура со воспоставени политички, економски и општествени институции“, рече Арагчи.
Тој уште истакна дека „присуството или отсуството на еден поединец не влијае врз таа структура“.
„Секако, поединците имаат влијание и секој има своја улога - некои подобро, некои полошо, некои помалку, но најважно е дека политичкиот систем во Иран претставува многу цврста структура“, истакна тој.
Осврнувајќи се и на убиството на претходниот врховен лидер Али Хамнеи, Арагчи истакна дека и покрај загубата, „системот продолжил да функционира“. аб/јт
фото/МИА архива