• недела, 22 декември 2024

AA: Братучедот на Меџити, синот на Иванов и сопругата на организаторот на 27 април на чело на МЕПСО

AA: Братучедот на Меџити, синот на Иванов и сопругата на организаторот на 27 април на чело на МЕПСО

Скопје, 31 јули 2024 

Целосен непотизам и партизација на Акционерското друштво „МЕПСО“, каде најдобро е проткаено братството меѓу ВЛЕН, ВМРО и организаторите на 27 април. Директор на компанијата е братучедот на Изет Меџити, а членови на Надзорниот совет, синот на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и сопругата на Богдан Илиевски, познат како Бетмен. Последниот беше организатор и водач на насилните протести од 27 април 2017 година, за кои беше осуден од страна на судовите, но сегашната нелегитимна Влада ја наградува неговата сопруга со клучна функција.
Оваа скандалозна комбинација во која има некомпетентни, фамилијарни и партиски личности, докажува дека за теснопартиски и семејни интереси партиите кои без легитимитет влегоа во Владата се договориле со тероризмот од 27 април и покрај тоа што ги ослободиле дел од учесниците, сега и ги наградуваат организаторите на тој страшен настан.
Сега веќе не станува збор за игнорирање на тие партии од страна на ВМРО и другите партнери, туку за соработка во деградирање на Албанците, бидејќи сите имиња се изгласани заеднички на седницата на Владата.

Алијанса за Албанците 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан