• четврток, 09 мај 2024

.Поради реконтрукција на филтер станицата, беровчани утре без вода за пиење

.Поради реконтрукција на филтер станицата, беровчани утре без вода за пиење

Берово, 23 јули 2023 (МИА) - Градот Берово и дел од околните места утре ќе бидат без вода за пиење. Причината за прекинот во водоснабдувањето како што информираа од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга" се градежни активности кои ќе се одвиваат на тамошната филтер станицата.

-Заради реализација на активностите по проект ,, Реконструкција на филтер станица”, утре  24.07.2023 година (понеделник) , ќе има прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Поради ова ги замолуваме граѓаните за разбирање за валвата состојба, информираа од претпријатието.

Информираа дека поради зголемената потрошувачка водоснабдувањето се одвива со мали проблеми, но брз притоа да има рестрикции.

-Се случуваше во најтоплите периоди граѓаните од повисоките места во градот да немаат вода, заради што апелиравме на совесно користење на водата за пиење, додадоа од комуналното претпријатие.

Дополнителни информации за текот на реконструкцијата на филтер станицата најавија во текот на утрешниот ден. вс/лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан