• петок, 22 ноември 2024

„Петорката“ нема да посредува за составување нова влада на Косово

„Петорката“ нема да посредува за составување нова влада на Косово
Приштина, 29 јануари 2020 (МИА) - Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД (Петорката) во Косово објавија изјава во која го објаснуваат својот став дека нема да учествуваат како посредници во преговорите меѓу Самоопределување и Демократската лига на Косово (ЛДК) за формирање на нова влада, пренесоа бугарски медиуми повикувајќи се на косовскиот весник Газета експрес. - Би сакале да го разјасниме нашиот став за процесот на формирање влада во Косово. Како што е наведено во нашата изјава од 30 август 2019 година, ние претставуваме нации кои се длабоко посветени на демократско и независно Косово. Секој предлог нашите влади да поддржат одредена партија или кандидат за избори е погрешен ... одговорноста за иднината на Косово, за лидерите на Косово и за самото Косово е единствено на вас, народот на Косово, стои во изјавата. - Нема да учествуваме во посредување. Ги охрабруваме сите политички играчи во Косово да се фокусираат на барањата на народот на Косово, истакнува Петорката. Изјавата следуваше откако Самоопределување и Демократската лига на Косово (ДЛК) ги замолија амбасадорите на Петорката и шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово да помогнат во свикувањето состанок, потсетуваат бугарските медиуми. јт/  

Остани поврзан