• четврток, 20 февруари 2025

​Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започнува реконструкцијата на улицата „Румена Хаџипанзова“

​Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започнува реконструкцијата на улицата „Румена Хаџипанзова“

Скопје, 18 февруари 2025

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција на улицата “Румена Хаџипанзова’ и нејзините краци во населбата Драчево. Овој значаен инфраструктурен зафат опфаќа површина од 6500 квадратни метри, односно 1500 метри должина, каде што во еден дел се врши комплетна реконструкција, додека во друг дел се гради сосема нова улица.

По цели три децении, жителите на овој дел од Драчево конечно ќе добијат модерна и безбедна сообраќајница. Според динамиката на изведба, работите се очекува да завршат во наредните две седмици.

Реконструкцијата на улицата “Румена Хаџипанзова” е дел од пошироката стратегија на градоначалникот Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во oпштина Кисела Вода, со цел постигнување на рамномерен развој и подеднакви услови за живот во сите населени места. Овој пристап гарантира декa сите населби и населени места ќе добијат еднаков третман,  што значи дека сите граѓани ќе добијат современа инфраструктура.

-Денес започнуваме со реализација на уште едно важно ветување – комплетна реконструкција на улицата "Румена Хаџипанзова" во Драчево, која жителите ја чекаа повеќе од 30 години. Ова не е само реконструкција на улица, туку враќање на достоинството на граѓаните кои со децении се соочуваа со лоша инфраструктура. Ова е само уште еден доказ дека нашата стратегија за целосна инфраструктурна обнова на Кисела Вода не е само ветување, туку реалност што ја градиме чекор по чекор. Продолжуваме со силно темпо, затоа што секој дел од општината заслужува подеднакво внимание и развој- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Кисела Вода

Остани поврзан