• вторник, 05 ноември 2024

Џулија Робертс ќе добие почесен „Цезар“

Џулија Робертс ќе добие почесен „Цезар“

Париз, 1 октомври 2024 (МИА) - Американската глумица Џулија Робертс ќе биде наградена со почесен „Цезар“ за животно дело на 50. доделување на најпрестижните филмски награди во Франција на 28 февруари вгодина, објавија вчера организаторите. 

Џулија Робертс се прослави во 1990 година со филмот „Убава жена“ (Pretty Woman). Тогаш имала 23 години, а глумеше покрај Ричард Гир. Потоа сними уште неколку љубовни комедии што постигнаа голем успех, на пр. „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Нотинг Хил“ и „Невестата-бегалка“, а доби и „Оскар“ за улогата во филмот „Ерин Брокович“ од 2001 година. Позната е и по нејзината хуманитарна дејност и заложбите за заштита на животната средина.

И француската режисерка и глумица Ањес Жауи и британскиот режисер Кристофер Нолан ќе добијат почесен „Цезар“. Француската глумица Катрин Денев ќе биде домаќин на доделувањето на престижните „Цезар“ награди, коешто ќе се емитува на ТВ „Канал плус“.

Номинациите треба да бидат објавени на 29 јануари. Минатогодишното 49. издание го одбележа „Анатомија на падот“ на Жистин Трије - доби „Цезар“ за најдобар филм и најдобра режија.  си/мс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан