• вторник, 25 јуни 2024

Џордан Пул случајно го повреди судијата (видео)

Џордан Пул случајно го повреди судијата (видео)

Њујорк, 21 декември 2022 (МИА) - Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Џордан Пул случајно го повреди судијата на натпреварот одигран ноќеска во НБА-лигата против Њујорк никс.

 

Во средината на првата четвртина, Пул го стапна судијата Скот Вол кој трчаше покрај него, и лошо му го изврте стапалото. Педесет и шестгодишниот судија беше принуден да го напушти теренот предврме.

Пул, остана изненаден гледајќи го судијата како куца на паркетот.

Натпреварот заврши со победа на Њујорк (132:94), а Пул постигна 26 поени. зс/

Остани поврзан