• понеделник, 03 март 2025

Џон Сена како новиот „лош“ кечер

Џон Сена како новиот „лош“ кечер

Лос Анџелес, 3 март 2025 (МИА) - Кечерството, коешто повеќе важи за театар и глума отколку за боречки спорт, синоќа „шокантно“ го претстави Џон Сена како новиот „лош“ кечер во рингот, пишува „Јаху ентертејнмент“. Глумецот, инаку 16-кратен „ВВЕ“ шампион, досега важеше за „доброто момче“.

Предвидувачите на сценариото велат дека овој потег на продукцијата е донекаде очекуван, затоа што Сена треба „да ги закачи своите боречки патики“ на крајот на оваа сезона, но сепак, е изненадување за љубителите на кечерството.

Во сцената со борбата меѓу Сена и „претепаниот“ Коди Роудс, свој удел имаше и холивудската ѕвезда Двејн Џонсон.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан