• петок, 22 ноември 2024

Џонсон: Размислуваме да го намалиме периодот на изолација на пет дена

Џонсон: Размислуваме да го намалиме периодот на изолација на пет дена
Лондон, 10 јануари 2022 (МИА) - Велика Британија постигна напредок во борбата против Омикрон варијантата на коронавирус и размислува да го намали периодот на самоизолација на пет дена, изјави британскиот премиер Борис Џонсон. Тој предупреди дека е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти. Запрашан за можноста за намалување на периодот на самоизолација од седум на пет дена, Џонсон рече дека Владата го разгледува тоа, но дека ќе ги следи советите на научниците. „Мораме да се погрижиме Омикронот да биде запрен. Имаме голем напредок“, рече Џонсон. Тој, сепак, додаде дека околу 18.000 луѓе се хоспитализирани. „Тоа е голем скок во однос на претходниот период и бројките сè уште се зголемуваат“, рече Џонсон, истакнувајќи дека можеби околу 30 отсто од хоспитализираните се заразиле во болница. паг/    

Остани поврзан