• сабота, 21 декември 2024

Џонсон именуваше министер за распределба на вакцината против Ковид-19

Џонсон именуваше министер за распределба на вакцината против Ковид-19
Лондон, 28 ноември 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го именуваше Надхим Захави за министер одговорен за распределба на ваквината против новиот коронавирус. Захави е секретар за бизнис, а со новата функција ќе го известува британскиот министер за здравство Мет Хенкок и првенствено ќе биде фокусиран на распределбата на вакцината, а ќе задржи и некои одговорности во Министерството за бизнис. Новиот ангажман на Захави е привремен и ќе трае најмалку до следното лето. ми/

Остани поврзан