• понеделник, 25 ноември 2024

Џоломарите од Ресава бркаа лоши духови на карневал во Бугарија

Џоломарите од Ресава бркаа лоши духови на карневал во Бугарија
Кавадарци, 18 февруари 2023 (МИА) - Џоломарите од кавадаречкото село Ресава денеска учествуваа на карневал во градот Раковски, во Бугарија. Александар Зоков, член на карневалската група, информираше за МИА дека со традиционалните џоломарски маски, ги избркале лошите духови и направиле место за добрите нешта. 
 
- На денешниот настап, публиката беше воодушевена од тоа како се претставивме пред неа. Со години наназад, со ќулавки, долги бради, исцрнети лица, стапови и клопотарци, правејќи врева, го бркаме злото наоколу. На многумина им се допаднаа нашите маски, веќе имаме покани и за учество на други карневали. Во најдобро светло ги претставуваме Кавадарци, Тиквешијата и Македонија, дециден беше Зоков. 
 
Тој додаде дека со негувањето на традицијата, им се оддава почит на претходните генерации, но им се пренесува и животното наследство, на генерациите што доаѓаат. свд/

Остани поврзан