Џихадистите ја нападнаа најголемата воена база во Мали
- Џихадистите денеска ја нападнаа воена база Кати во Мали, лоцирана во близина на Бомако
Бомако, 22 јули 2022 (МИА) - Џихадистите денеска ја нападнаа воена база Кати во Мали, лоцирана во близина на Бомако.
Бунтовниците првпат по повеќе од 10 години бунт ја нападнаа најголемата воена база во Мали.
Според армијата на Мали, во близина на базата експлодирале две возила, а двајца напаѓачи се елиминирани.
Во Мали вчера се случија серија координирани напади на џихадистите. Во еден од нив била нападната полициска база северно од Бамако, а биле убиени двајца припадници на војската на Мали.
Лидерот на воената хунта, која е на власт во Мали, полковникот Асими Гоита, често престојува во базата Ката, од каде што почна државниот удар во 2020 година, по што армијата ја презеде власта. ми/