• недела, 22 декември 2024

Џими Лаи се изјасни за невин на судењето за безбедност

Џими Лаи се изјасни за невин на судењето за безбедност

Пекинг, 2 јануари 2024 (МИА) - Издавачот и активист за демократија Џими Лаи се изјасни за невин за наводните прекршувања на контроверзниот закон за безбедност на Хонг Конг.

Седумдесет и шест-годишникот се појави пред суд во областа западен Коулун. Лаи е основач на продемократскиот хонгконшки весник „Епл дејли“, кој беше принуден да се затвори откако беше цел на властите поради наводно прекршување на Законот за национална безбедност на Кина.

Лаи веќе е осуден на две затворски казни и е затворен на три години. Доколку Лаи биде прогласен за виновен и во сегашното судење, може да се соочи со доживотна казна затвор. Судскиот процес, кој започна на 18 декември, се очекува да трае неколку месеци.

Законот за безбедност, воведен од Пекинг во јуни 2020 година по огромните протести за поголема демократија во Хонг Конг, масовно ги ограничува политичките права на опозицијата, како и на организациите за граѓански права.

Законот е насочен кон активисти кои Пекинг ги гледа како субверзивни, сепаратистички, терористички или заговорни. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан