• четврток, 25 април 2024

Џими Батлер казнет со 25.000 долари поради пропуштање на прес-конференција

Џими Батлер казнет со 25.000 долари поради пропуштање на прес-конференција

Мајами, 23 мај 2023 (МИА) - НБА го казни кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер со 25.000 долари затоа што одби да присуствува на прес-конференција по натпреварот број 3 од финалето на Источната конференција против Бостон.

 

Кошаркарот ги прекрши правилата на лигата кои ја регулираат комуникацијата со медиумите.

 

Мајами го доби натпреварот со 128:102 и поведе со 3:0 во серијата прв до четири.

 

Вечер во 2:30 часот по полноќ се игра четвртиот натпревар на кој домаќин е Мајами. Со евентуална победа „жешките“ ќе се пласираат во финалето каде ќе се соочат со Денвер нагетс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан