• недела, 12 мај 2024

Џими Батлер за проблемите на Мајами: Има уште време, но не многу

Џими Батлер за проблемите на Мајами: Има уште време, но не многу

Мајами, 11 март 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Мајами хит, Џими Батлер верува дека неговиот тим може да ги реши своите проблеми, но нема многу време за корекција до крајот на основниот дел од НБА-лигата.

- Секој тим во оваа лига има играчи кои добро шутираат. Можеби некои се малку подобри од другите. Не знам ни со кого ќе играме понатаму, но со кого и да играме, гарантирам дека имаат кошаркар кој може да поентира на високо ниво. Ние како тим треба само да направиме подобра работа во дефанзивата, да се браниме од овие играчи наместо да ги оставаме сами. Има уште време, но нема многу, изјави Батлер.

Мајами хит е финалистот од минатата сезона. По 64 одиграни натпревари Мајами е на 8.место во Источната конференција со 35 победи и 29 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан