• понеделник, 23 декември 2024

Џил Бајден напиша книга за деца

Џил Бајден напиша книга за деца

Вашингтон, 29 март 2024 (МИА) - Првата дама на САД, Џил Бајден објави дека напишала приказна за деца. Се работи за книгата „Вилоу, мачката од Белата куќа“ (Willow, the cat of the White House) што ќе биде објавена во јуни, неколку месеци пред американскиот претседател Џо Бајден да влезе во нова предизборна трка против републиканецот Доналд Трамп.

„Додека Вилоу талка од соба во соба, истражувајќи го својот нов дом, таа брзо ги запознава сите неверојатни луѓе во Белата куќа. Книгата ќе ви овозможи да ја видите најпознатата адреса во САД низ очите на една мачка“, напиша Џил Бајден во описот на издавачката куќа „Сајмон и Шустер“.

Белата куќа има долга традиција на домашни миленици, иако мачките се поретки, а многу од нив биле во средиштето на литературната инспирација и амбиции на првите дами. Хилари Клинтон и Барбара Буш исто така напишаа свои книги за Белата куќа и милениците.

Доналд Трамп, претходникот на Бајден, беше еден од ретките претседатели кои немаа домашни миленици во Белата куќа.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан