• петок, 22 ноември 2024

Џејсон Момоа е повторно во врска

Џејсон Момоа е повторно во врска

Лос Анџелес, 21 мај 2024 (МИА) - Џејсон Момоа, можеби еден од најпосакуваните холивудски глумци денес, има нова љубов. Тој ја потврди новата љубов на Инстаграм, објавувајќи фотографии од патувањето со пријатели во Јапонија.

На сликите, Момоа (44) е во друштво и на порториканската глумица Адрија Арјона.

„Ние сме многу благодарни на сите што ги отворија своите домови, правејќи спомени со нови и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напиша тој до објавата.

Актерката е 12 години помлада од Момоа. Занимливо, неговата поранешна сопруга Лиза Бонет е нејзина врсничка. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко и споделено старателство над 16-годишната ќерка Лола и 15-годишниот син Накоа-Волф.

Арјона, исто така, има еден брак зад себе. Во 2019 година, та се омажи за адвокатот Едгардо Каналес, но не е познато кога се развеле.  си/

Фото: Интаграм, МИА архива

Остани поврзан