• понеделник, 23 декември 2024

Џејсон Кид би можел да ги предводи Бостон или Портланд

Џејсон Кид би можел да ги предводи Бостон или Портланд
Лос Анџелес, 4 јуни 2021 (МИА) - Поранешната ѕвезда во НБА-лигата, Џејсон Кид може да ги предводи Бостон или Портланд, објави „Јаху спорт“. Кид се очекува да биде интервјуиран како главен тренер на Селтикс, а исто така ќе биде главната цел на Блејзерси доколку Тери Сотс ја напушти функцијата. Четириесет и осумгодишниот Кид во моментов е помошник тренер на Френк Вогел во Лос Анџелес лејкерс. Тој има искуство како главен тренер во Милвоки (2014-2018) и Бруклин (2013-2014). зс/

Остани поврзан