Џејмс: Јас сум роден победник (видео)
- Лејкерси ги елиминираа Хјустон Рокетс по 119:96 во дуелот бр.5 и вкупен резултат 4-1, а на прес-конференцијата по натпреварот 35-годишниот ветеран рече дека е роден победник.
Орландо, 13 септември 2020 (МИА) - Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс стигна до првото финале на Западната конференција во неговата 17-годишна кариера во НБА.
Лејкерси ги елиминираа Хјустон Рокетс по 119:96 во дуелот бр.5 и вкупен резултат 4-1, а на прес-конференцијата по натпреварот 35-годишниот ветеран рече дека е роден победник.
- Знам точно со што се поврзува моето име - победа. Ја преземам оваа одговорност затоа што сум роден победник, секогаш сум бил таков. Од првиот пат кога играв кошарка во тим. Ја научив играта на вистински начин од моите први тренери. Сфатив како да играм за моите соиграчи и да не бидам себичен, рече Џејмс на прес-конференцијата по натпреварот.
“I know what my name comes with. It comes with winning.”
— NBA TV (@NBATV) September 13, 2020
LeBron on leading the Lakers to the WCF. pic.twitter.com/CF74au901p