• петок, 27 декември 2024

Капитенот на Вулверхемптон, Килман, за 40 милиони фунти во Вест Хем

Капитенот на Вулверхемптон, Килман, за 40 милиони фунти во Вест Хем


Лондон, 6 јули 2024 (МИА) – Лондонски Вест Хем потпиша седумгодишен договор со капитенот на Вулверхемптон, Максимилијан Килман, јавија денеска англиските медиуми.
Финансиските детали од договорот не се соопштени, а според медиумите лондонскиот тим платил 40 милиони фунти за дефанзивецот на Вулверхемптон.
Килман (27) во Вест Хем повторно ќе соработува со новоименуваниот тренер Хулен Лопетеги, кој го водеше Вулверхемптон во сезоната 2022-2023 и му ја предаде капитенската лента на Килман.
„Веднаш штом дознав за заинтересираноста на клубот, тоа беше можност што не сакав да ја испуштам и среќен сум што сум овде“, изјави Килман. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан