• понеделник, 23 декември 2024

Џејмс планира да игра против Мемфис

Џејмс планира да игра против Мемфис

Лос Анџелес, 27 март 2024 (МИА) - Леброн Џејмс е подготвен да се врати во составот на Лос Анџелес лејкерс. Лидерот на тимот планира да игра утре против Мемфис.

Џејмс го пропушти натпреварот со Милвоки Бакс одигран ноќеска на гостински терен поради болка во левиот скочен зглоб. Триесет и деветгодишниот кошаркар веќе неколку месеци има проблеми со зглобот.

- Треба да бидам внимателен со оваа ситуација со стапалото до крајот на оваа сезона за да стигнам до финишот. Каде и да е таа линија , напиша Џејмс во СМС порака до инсајдерот Крис Хејнс.

Лос Анџелес лејкерс со 40 победи и 32 порази се наоѓаат на 9.место во Западната конференција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан