• среда, 03 јули 2024

Џеферсон му се заблагодарува на Винс Картер за неговата кариера

Џеферсон му се заблагодарува на Винс Картер за неговата кариера
Атланта, 14 март 2020 (МИА) - Поранешниот играч на НБА, Ричард Џеферсон му оддаде почит на ветеранот од Атланта Винс Картер, откако 43-годишниот дефанзивец изјави дека ќе ја заврши кариерата оваа година. - Она што Стеф Кари го стори со ударите за три поени, Картер го направи со забивањата. Го направи натпреварот во забивање кул. И ако го одигра твојот последен натпревар, тогаш би сакал да ти се заблагодарам за сите возбудувања што ги донесете за време на натпреварите, изјави Џеферсон. Сезоната во НБА е прекината поради коронавирус. Натпреварот против Никс во средата може да биде последен во кариерате на Картер. зс/

Остани поврзан