• понеделник, 23 декември 2024

Џереми Грант ќе стане слободен агент

Џереми Грант ќе стане слободен агент
Денвер, 27 септември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Денвер нагетс, Џереми Грант има намера да ја искористи опцијата за напуштање на тимот во последната сезона од договорот и да стане неограничен слободен агент, пренесува „The Denver Post“. Денвер ноќеска загуби од Лос Анџелес лејкерс петтиот натпревар од финалето на Западната конференција  и е елиминиран со 1-4 во серијата. Дваесет  и шестгодишниот Грант беше еден од најдобрите играчи со 20 поени и девет скока. Доколку Грант реши да не излезе на пазарот за слободни играчи, тој ќе заработи 9,4 милиони долари во текот на следната сезона. зс/

Остани поврзан