• четврток, 21 ноември 2024

Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада 

Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада 

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието, на денешната конститутивната седница на новиот парламентарен состав најави дека ќе ја извршува оваа функција до изборот на новата Влада и оти до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието.

Како што информира владината прес-служба, Џафери се повика на Уставот, законите и досегашните пракси.

- Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите, рече Џафери во Собранието. мд/аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан