• недела, 22 декември 2024

Џафери во Теарце: Вложувањето во општините обезбедува локален развој и иднина за граѓаните

Џафери во Теарце: Вложувањето во општините обезбедува локален развој и иднина за граѓаните

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери денеска бил во работна посета на Општина Теaрцe, каде се сретнал со градоначалникот и советниците во Општината, а го посетил и ООУ „Асдрени” во село Глоѓи и извршил увид на реконструираниот локален пат во селото.
 
- Во разговор со локалните власти, премиерот Џафери истакна дека со подобрување на инфраструктурата на целата територија на државата, Владата покажува дека сите граѓани, без разлика во кој дел од државата живеат, се подеднакво важни и дека Владата токму со проекти и инвестиции ја покажува грижата кон општините и за приоритетните потреби на граѓаните од локалните заедници, се наведува во соопштението од Владата.

Реконструкцијата на училишниот објект во ООУ „Асдрени” во село Глоѓи, како што е наведено во соопштението, е завршена во декември 2023 година. Реконструкцијата опфатила поставување на термо-изолациона фасада, реновирање на спортската сала и поправки на оштетените подови, со што им се овозможило на учениците да ја следат наставата во одлични услови.

По увидот на локалниот пат во селото Глоѓи, Џафери истакнал дека реконструкцијата на патот е само една од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во земјава, кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми.

-Со изградба и санација на локални патишта и улици во општините, Владата го подобрува урбаното живеење, обезбедува локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните, се наведува во соопштението. дма/бак/

Фото: Влада

Остани поврзан