• недела, 22 декември 2024

Џастин Тимберлејк во новата кампања на „Луј Витон“

Џастин Тимберлејк во новата кампања на „Луј Витон“

Париз, 24 март 2023 (МИА) - Американскиот поп-пејач Џастин Тимберлејк е дел од новата рекламна кампања на „Луј Витон“. Имено, модниот бренд неделава, во соработка со јапонскиот дизајнер Јајои Кусама, ја објави својата колекција „Создавање бесконечност“ (Creating Infinity).

Image

Во оваа, како што ја нарекоа, надреалистичка кампања со авангарден стил, Тимберлејк носи сина јакна со точки и - чанта украсена со мотиви на тиква, со потпис на Кусама. Оваа колекција на пазарот ширум светот ќе се појави на 31 март. Линијата вклучува и кожени производи, облека за мажи и жени и парфеми.

Image

Покрај 42-годишниот пејач, во рекламите се појавија и други познати лица - глумиците Леа Сиду, Жоу Донгју и Хојеон Јунг.  си/

Фото: Твитер.

 

Остани поврзан