Џамал Крафорд објави крај на професионалната кариера
- Трикратниот најдобар резервен играч во НБА-лигата, Џамал Крафорд, објави дека се повлекува од активното играњето.

Њујорк, 21 март 2022 (МИА) - Трикратниот најдобар резервен играч во НБА-лигата, Џамал Крафорд, објави дека се повлекува од активното играњето.
Вчера Крафорд наполни 42 години. Тој твитна фотографија од себе на улично игралиште.
- Збогум натпревари, сите трофеи, адреналин. Ти благодарам кошарка, ти должам сé, напиша Крафорд.
Во кариерата Џамал имаше просек 14,6 поени, 2,2 скока и 3,4 асистенции по натпревар.
Крафорд последен пат играше во сезоната 2019/20 за Бруклин. зс/