Џака: Горд сум што Арсенал го продолжи мојот престој во клубот
- Играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака на својот Инстаграм објави продолжување на договорот со лондонскиот клуб.

Лондон, 24 август 2021 (МИА) - Играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака на својот Инстаграм објави продолжување на договорот со лондонскиот клуб.
- Таму каде што е срцето. Горд сум што Арсенал го продолжи мојот престој во клубот, стои во пораката на Џака.
Рома ова лето се обиде да го ангажира 28-годишниот швајцарски репрезентативец, но Џака на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Арсенал. зс/