• петок, 05 декември 2025

Ќе се асфалтира дел од регионалниот пат кај населеното место Владевци во Општина Василево

Ќе се асфалтира дел од регионалниот пат кај населеното место Владевци во Општина Василево

Струмица, 27 ноември 2025 (МИА)-Во селото Владевци во тек се подготвителни активности за асфалтирање на дел од регионалниот пат Р 1403 кој се поклопува со улица во самото населено место, објавија од Општина Василево.

Како што се наведува во објавата, се работи за делот, односно улицата на потегот од игралиштето, покрај амбулантата во правец на излезот од населеното место, во должина од околу 580 метри, ширина на асфалтната лента од 3,5 метри и по еден метар банкини од двете страни на улицата. Активностите ги реализира Јавното претпријатие за државни патишта.

Во пренесената изјава на градоначалникот, Славе Андонов се наведува дека уште едно ветување станува реалност.

-За прв пат ќе се асфалтира делот од регионалниот пат во Владевци кој поминува покрај амбулантата-делница која со години претставуваше проблем за граѓаните. Во соработка со ЈПДП овие денови се изведуваат активности за тампонирање, а во следната фаза следува и конечното асфалтирање, стои во изјавата на Андонов.рт/сст/

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан