Њукасл сега нуди 40 милиони евра за Конгоанецот Виса
- Премиерлигашот Њукасл сè уште е заинтересиран за напаѓачот на Брентфорд, Јоан Виса, објави денеска лондонски „Сан“.
Њукасл, 19 август 2025 (МИА) – Премиерлигашот Њукасл сè уште е заинтересиран за напаѓачот на Брентфорд, Јоан Виса, објави денеска лондонски „Сан“.
Според британскиот весник, Њукасл има намера да ја зголеми својата понуда за 28-годишниот Конгоанец на 40,5 милиони евра. Брентфорд претходно одби понуда од 35 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Виса постигна 20 голови и додаде пет асистенции на 39 натпревари во дресот на Брентфорд.
Неговиот договор со Брентфорд е до 30 јуни 2026 година. ег
ФОТО: ЕПА