• недела, 17 мај 2026

Силекс стигна до четвртата победа во серија

Силекс стигна до четвртата победа во серија

Кратово, 17.април 2026 (МИА) – Фудбалерите на Силекс ја постигнаа четвртата победа во серија откако денеска во првиот дуел од 28.коло на домашен терен ја совладаа Брера АП со 4:0. Кратовчани на последните четири дуели покрај тоа што имаат четири победи имаат и гол-разлика од 14:0. Со новите бодови Силекс со 52 остана ена четвртото место, додека Брера АП со 33 бодови е на осмото место.

Головите за Силекс ги постигнаа: Едис Бутуровиќ 19.минута, Дарко Додев 48.минута, Ади Алиќ 59.минута и Пирес во 69.минута.

Од оваа рунда денеска играат уште во Кавадарци, Тиквеш и Шкендија.

Утре од 13 часот е дуелот Шкупи – Вардар, додека во 15 часот играат Пелистер – Македонија Ѓорче Петров, а во недела се играат натпреварите: Работнички – Арсими и Башкими – Струга. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан