• четврток, 15 август 2024

Њукасл подготвен да му понуди на Рафиња 12 милиони евра по сезона

Њукасл подготвен да му понуди на Рафиња 12 милиони евра по сезона

Њукасл, 8 мај 2023 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Рафиња би можел да го напушти клубот следната сезона.

 

Њукасл е фаворит за потпис со 26-годишниот играч, според „SportWitness“. „Страчките“ се подготвени да му понудат на Бразилецот 12 милиони евра по сезона (230 илјади евра неделно) за да го привлечат во Премиер лигата.

 

Претходно беше објавено дека за Бразилецот се заинтересирани и Челзи и Арсенал.

 

Рафиња дојде во Барселона од Лидс во летото 2022 година. Оваа сезона има 45 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и 11 асистенции. Договор му е со важност до летото 2027 година.

 

Вредноста на играчот според порталот Трансфермаркт се проценува на 50 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан