Њуи: Алонсо е премногу стар, Строл не е доволно добар
- Почетокот на работата на Адријан Њуи во Астон Мартин е очекуван од љубителите на Формула 1 со голем интерес, бидејќи најуспешниот дизајнер е најважниот адут во амбициите на тимот на Лоренс Строл да се бори за светската титула.
Силверстоун, 17 јануари 2025 (МИА) - Почетокот на работата на Адријан Њуи во Астон Мартин е очекуван од љубителите на Формула 1 со голем интерес, бидејќи најуспешниот дизајнер е најважниот адут во амбициите на тимот на Лоренс Строл да се бори за светската титула.
Канадскиот милијардер не штедеше за привлекување на најдобрите специјалисти и таленти во Формула 1, но во 2024 година Астон Мартин направи чекор назад и не успеа да влезе во битката во првите редови. Со Њуи, сепак, тоа треба да се промени.
Британецот ќе работи главно на болидот за сезоната 2026 година, кога ќе стапат на сила новите технички правила во Формула 1, а исто така се очекува да „ревидира“ се што е можно за болидот за претстојната сезона со цел да ги оптимизира неговите перформанси во првите трки.
Но, можеби најважното нешто за Њуи на почетокот на неговата работа во Астон Мартин ќе биде да го разјасни неговиот однос со возачите на тимот, бидејќи излегоа на виделина некои коментари дадени од Адријан за нив.
Њуи беше цитиран од британскиот весник „Дејли мејл“ како објаснува дека Алонсо е „престар“ за модерна Формула 1 и дека неговиот неизбежен пад во формата е неизбежен. На почетокот на сезоната 2026 година, кога се очекува Астон Мартин да биде во прв план, Алонсо ќе има 44 години.
Што се однесува до Ленс Строл, синот на сопственикот на тимот, Њуи објасни дека Канаѓанецот едноставно „не е доволно добар возач“. И во двата случаи ова се коментари на Њуи дадени зад затворени врати и пред многу тесен круг луѓе.
Сè уште не е познато дали Њуи ќе има некакво влијание врз изборот на возачи на Астон Мартин, но бидејќи тој е и партнер во тимот, тој може да има збор за ова прашање, а Строл постариот на крајот ќе ги носи одлуките.
Мислењето на Њуи за Алонсо е изненадување, бидејќи тие двајца отсекогаш зборувале позитивно еден за друг. дс
Фото: Архива