• петок, 22 ноември 2024

Јусуфспахиќ: Бекташите не се муслимани, верската држава во Тирана е обид за зајакнување на паналбанизмот

Јусуфспахиќ: Бекташите не се муслимани, верската држава во Тирана е обид за зајакнување на паналбанизмот

Тирана, 25 септември 2024 (МИА) - „Исламски Ватикан среде Албанија“, така веќе неформално ја нарекоа суверената држава која, како што најави премиерот Еди Рама, ќе му биде доделена на бекташкиот верски ред во Тирана. Државата што ќе ја добијат Бекташиите во Тирана, со свои граници и пасош, ќе промовира толерантна верзија на исламот и „мирен соживот“ меѓу религиите, најави албанскиот премиер.

Претседателот на Врховното собрание на Исламската заедница на Србија, Мухамед Јусуфспахиќ рече дека Бекташите не се муслимани, туку го почитуваат култот на Али. Најавата на премиерот на Албанија за верска држава во државата ја објаснува преку идејата за паналбанизам.

-Бекташите не практикуваат ислам и самите ќе кажат дека не се муслимани, објаснува Јусуфспахиќ.

Муфтијата објаснува дека „тие не го обожаваат Бога, а кога сакаат да бидат попрецизни велат дека го негуваат култот на Алија“.

-Тие всушност се обожаватели на Алија. Тие ниту постат Рамазан, ниту ги извршуваат петте дневни молитви, ниту некој од муслиманските религиозни ритуали. Како што Алах објави во Куранот, тие не го прават тоа“, објаснува муфтијата.

Тој објасни дека фактот што користат алкохол дополнително појаснува дека тоа не може да биде толерантна верзија на исламот, туку бекташизам и алевизам.

Муфтијата Мухамед Јусуфспахиќ вели дека не ја знае точната бројка на следбеници на бекташизмот на подрачјето на Косово, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора... но процени дека ги има меѓу два и три милиони во овие области.

За намерата Албанија да создаде бекташка држава во Тирана, муфтијата не верува дека државите ќе ја признаат нејзината независност.

Но, како што вели, се е можно бидејќи „муслиманските земји во изминатава година покажаа колку се муслимански во поддршката за муслиманите, жителите на Газа кои од ден на ден страдаат и кои не добиваат никаква помош од т.н. исламски земји“. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан