• вторник, 12 ноември 2024

Јун нареди превентивни мерки како одговор на тензиите на Блискиот Исток

Јун нареди превентивни мерки како одговор на тензиите на Блискиот Исток

Сеул, 16 април 2024 (МИА) – Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јул изјави дека треба превентивно да се реагира на сите фактори на ризик што произлегуваат од тензиите на Блискиот Исток по нападот на Иран врз Израел, поради енергетската зависност на Јужна Кореја од регионот.

- Тензиите на Блискиот Исток имаат директно влијание врз меѓународните цени на нафтата, што пак има значително влијание врз економијата и синџирот на снабдување на Јужна Кореја. Потребно е превентивно да се реагира на различните фактори на ризик што може да се појават, истакна Јун.

Јун нагласи дека Ормуски Теснец е транспортен коридор низ кој поминува 60 отсто од нафтата увезена од Јужна Кореја.

- Значителното зголемување на транспортните трошоци и зголемувањето на цената на нафтата директно ќе доведе до повисоки цени за нас, посочи рече Јун. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан