• недела, 24 ноември 2024

Јункер: Не е добро што Германија ја затвори границата кон Луксембург

Јункер: Не е добро што Германија ја затвори границата кон Луксембург
Берлин, 11 април 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер ја критикуваше Германија за затворање на границата кон Луксембург во период на пандемија на коронавирус. Јункер, во интервју за германскиот весник „Велт“, рече дека не е добро што Германија ги затвори границите кон земја како што е Луксембург, во која секој ден 200.000 Германци патуваат на работа. Тој изрази несогласување со тоа што „земјите кои први го потпишаа Шенгенскиот договор пред 25 години, преку ноќ дојдоа на идејата дека затворањето на границата е доволно за да се соочат со големиот предизвик“. Јункер истакна дека здравствената заштита, особено во однос на епидемијата, мора во иднина да биде во надлежност на ЕУ. - Европската комисија, како и во другите области, мора да добие право на иницијатива во однос на здравствената заштита. Знам дека ова бара промена на договорот во ЕУ, но поради сегашното искуство тоа е неопходно, рече Јункер. паг/

Остани поврзан