• недела, 22 декември 2024

Јуниорот Георгиев освои злато на „Софија Опен Г1“

Јуниорот Георгиев освои злато на „Софија Опен Г1“

 

Софија, 18 март 224 (МИА) – Македонскиот таеквондист Дарко Георгиев освои златен медал во јуниорска конкуренција на 11. издание на силниот Меѓународен турнир „Рамус Софија Опен Г1“, што изминатиот викенд се одржа во бугарската престолнина.

Таеквондистот на ТК „Бутел“ до златниот медал дојде со три победи, над натпреварувачи од Србија и од Бугарија.

Златниот медал на Георгиев е продолжение на успесите кои изминатиот период ги забележаа таеквондистите на ТК „Бутел“.

На Светскиот Г1 Куп Топ Тирана одржан претходно овој месец Ведрана Тунески освои сребро, додека Теодор Стојановски се закити со бронзата. ег ФОТО: МТФ

Остани поврзан