• петок, 09 август 2024

Јунајтед повторно се врти кон Брантвејт поради повредата на Јоро

Јунајтед повторно се врти кон Брантвејт поради повредата на Јоро

Манчестер, 9 август 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед подготвува нова понуда за централниот бек на Евертон, Џерад Брантвејт.

„Црвените ѓаволи“ на почетокот на летото испратија две понуди за централниот дефанзивец, од кои втората беше за 45 милиони фунти плус пет милиони бонуси. Сепак, Евертон продолжи да инсистира на 70 милиони, поради што 20-кратниот шампион го пренасочи својот интерес кон Матијас Де Лихт.

Холанѓанецот се уште е трансфер цел на Јунајтед и најверојатно ќе биде доведен, но повредата на Лени Јоро го натера клубот од „Олд Трафорд“ да бара друг играч во таа област.

Осумнаесет годишниот дефанзивец беше опериран откако заработи повреда на натпреварот со Арсенал. Првично клубот најави дека тој ќе закрепнува околу три месеци, но според „Сан“, на „Олд Трафорд“ не веруваат дека Јоро ќе може да игра до крајот на календарската година.

Поради ова, Јунајтед е подготвен да даде нова понуда за Брантвејт. дс

Фото: Архива

Остани поврзан