• понеделник, 25 ноември 2024

Јунајтед - Ковентри и Сити - Челси во полуфиналето на ФА Купот

Јунајтед - Ковентри и Сити - Челси во полуфиналето на ФА Купот

Лондон, 17 март 2024 (МИА) - По спектакуларниот четвртфинален натпревар на „Олд Трафорд“ во кој Манчестер Јунајтед по продолженијата го елиминираше големиот ривал Ливерпул, беше извршена ждрепката за полуфиналето на ФА Купот.

„Црвените ѓаволи“ беа „наградени“ на ждрепката за одличниот настап против тимот од Енфилд и во борбата за пласман во финалето ќе играат со Ковентри, единствениот тим во финалето што не е член на Премиер лигата.

Во второто полуфинале не очекува уште еден, веруваме, одличен натпревар - бранителот на титулата Манчестер Сити ќе го пречека Челзи.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на „Вембли“, а се закажани за 20 и 21 април.

„Граѓаните“ лани во решавачкиот меч го совладаа градскиот ривал Јунатед со 2:1. дс

Фото: ФА на Англија

Остани поврзан