• петок, 22 ноември 2024

Јулија Навални им се заблагодари на Русите кои се збогуваа со нејзиниот сопруг

Јулија Навални им се заблагодари на Русите кои се збогуваа со нејзиниот сопруг

Москва, 5 март 2024 (МИА) - Сопругата на починатиот критичар на Кремљ Алексеј Навални им се заблагодари на илјадниците Руси кои со часови чекаа во ред за да го посетат гробот на нејзиниот сопруг.

„Многу луѓе се прашуваат зошто Алексеј толку се бореше и никогаш не се откажа. За ваше добро, за драги, храбри и чесни луѓе кои сега доаѓаат во бескраен ред да се простат од него“, напиша Јулија Навални на платформата Х.

Илјадници поддржувачи на Навални се собраа во московската област Маржино на денот на неговиот погреб во петокот за да му оддадат почит на најпознатиот руски опозициски лидер, кој почина во казнена колонија на Арктикот на 16 февруари на 47- годишна возраст.

Јулија Навални го обвини Путин за убиство на нејзиниот сопруг, а неговиот тим вели дека планира да спроведе истрага и да ги објави имињата на одговорните.

Кремљ негира каква било вмешаност и одби да коментира за неговиот погреб. Поддржувачите на Навални велат дека е наведено дека тој починал од природна смрт, што тие одбиваат да го прифатат. паг

Фото: Инстаграм

 


 

 
 

 

 

Остани поврзан