• вторник, 07 јануари 2025

Јужнокорејскиот суд повторно издаде налог за апсење на Јун Сук Јеол

Јужнокорејскиот суд повторно издаде налог за апсење на Јун Сук Јеол

Сеул, 7 јануари 2025 (МИА) - Јужнокорејскиот суд повторно издаде налог за апсење на отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол, соопшти денеска Агенцијата за истраги за корупција.

Шефот на истражниот тим, кој беше блокиран од обезбедувањето на претседателот пред неговата резиденција минатата недела, рече дека истрагата ќе остане посветена на изведувањето на Јун пред лицето на правдата.

Адвокатите на Јун поднесоа барање за укинување на налогот за апсење пред судот во Јужна Кореја, но судот го одби нивното барање, потврди судски службеник. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан