• сабота, 06 јули 2024

Јужна Кореја од понеделник повторно воведува рестриктивни мерки

Јужна Кореја од понеделник повторно воведува рестриктивни мерки
Сеул, 9 јули 2021 (МИА) - Јужнокорејските власти од понеделник во следните две недели ќе ги засилат ограничувањата против Ковид-19 на највисоко ниво во Сеул и некои соседни региони, откако новите случаи, втор ден по ред, достигнаа дневен рекорд. Во Јужна Кореја вчера регистрирани се 1.316 нови случаи на Ковид-19, додека пред два дена, во средата беа пријавени 1.275, а здравствените власти предупредуваат дека бројот може двојно да се зголеми до крајот на јули. Со новите мерки од понеделник училиштата се затворени, јавните собири се ограничени на две лица по 18 часот, а сите собири или други настани се забранети. Според одлуката на властите, ноќните клубови и барови ќе бидат затворени, додека ограничени посети се дозволени во ресторани и кафулиња, а по 22 часот само услуга за носење дома. ми/

Остани поврзан