• недела, 22 декември 2024

Јужна Америка е на второ место по бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19

Јужна Америка е на второ место по бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19
Бразилија, 13 јули 2020 (МИА) - Јужна Америка и Карибите од денеска се втор најпогоден регион во светот по смртни случаи од последици на новиот коронавирус, со над 144.000 починати лица. Со 144.758 починати од последици од Ковид-19, Јужна Америка и Карибите ги надминаа смртните случаи во САД и во Канада, и регионот се наоѓа зад Европа, каде починаа 202.505 луѓе. Дел од експертите истакнуваат дека најверојатно бројот на смртни случаи во Јужна Америка е многу поголем од официјалните бројки. Бразил е најпогодена држава, во која починале 72.100 луѓе односно речиси половината од смртните случаи во Јужна Америка. По Бразил следи Мексико со 35.006 починати, потоа Перу – 11.870 и Чиле – 6.979 смртни случаи. Со повеќе од 3.370.000 починати, Јужна Америка е на второ место и по бројот на инфицирани е на второ место, зад САД и Канада. ми/

Остани поврзан