Јувентус ќе му плати на Сасуоло 35 милиони евра за Локатели
- Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели е блиску до трансфер во Јувентус. Клубот ја договори сумата на трансферот, која ќе изнесува 35 милиони евра, пренесува „Тутоспорт“.

Рим, 14 август 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели е блиску до трансфер во Јувентус. Клубот ја договори сумата на трансферот, која ќе изнесува 35 милиони евра, пренесува „Тутоспорт“.
Играчот ќе потпише договор со „бјанко-нерите“ на Торино на пет години со плата од три милиони евра годишно.
Во последната сезона од италијанското првенство, Мануел одигра 34 натпревари, постигна четири гола и направи две асистенции.
Локатели исто така успешно настапи на Европското првенство 2020 година со италијанската репрезентација со која стигна до трофејот. зс/