Јувентус се согласи да го изнајми Локатели од Сасуоло со обврска да го откупи за 35 милиони евра
- Јувентус и Сасуоло се договорија за трансфер на играчот од средниот ред Мануел Локатели.

Торино, 17 август 2021 (МИА) - Јувентус и Сасуоло се договорија за трансфер на играчот од средниот ред Мануел Локатели.
„Бјанконерите“ го изнајмуваат 23-годишниот играч на две години со безусловна обврска за откуп од 35 милиони евра плус бонуси, стои на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио.
Инсајдерот Фабрицио Романо појаснува дека договорот на Италијанецот ќе трае до 2026 година.
Страните сега работат да ги завршат сите формалности што е можно поскоро и Локатели да оди на задолжителниот медицинскиот преглед пред да го облече дресот на Јувентус. зс/