• петок, 05 декември 2025

Јувентус планира да го раскине договорот со Милик

Јувентус планира да го раскине договорот со Милик

Торино, 1 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик ќе го напушти клубот, објави новинарот Николо Шира.

Торинскиот клуб планира да го раскине договорот со 31-годишниот Полјак, чиј договор истекува во летото 2026. Милик сезонава нема настап на ниту еден натпревар. 

Сезоната 2023/24 полскиот фудбалер ја заврши со осум гола и една асистенција на 36 натпревари.

Шира информира дека Јувентус е сериозно заинтересиран за 15-годишниот Грузиец Бартишвили. Клубот него го гледа како новиот Хвича Кварацхелија.

Бартишвили игра за вториот тим на Колхети од јануари 2025 година. За селекцијата на Грузија до 17 години има два гола на четири натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан