• сабота, 23 ноември 2024

Јувентус може да го одложи купувањето на Локатели до следното лето и да потпише со Бакајоко

Јувентус може да го одложи купувањето на Локатели до следното лето и да потпише со Бакајоко
Торино, 2 август 2021 (МИА) - Јувентус може да го одложи купувањето на играчот за врска Мануел Локатели поради тешките преговори со Сасуоло. Клубовите денеска повторно ќе се состанат за да разговараат за договорот со Локатели. Јувентус е разочаран од бавниот напредок на преговорите и може да го одложи купувањето на Италијанецот до следното лето доколку не може да постигне договор со Сасуоло во наредните денови, пишува „Ла Газета дело Спорт“. Дури и фактот дека Локатели отворено изјавува дека сака да се пресели во Јувентус, не влијае на постапките на Сасуоло. Неговиот актуелен договор истекува летото 2023 година, а фудбалерот нема намера да го продолжи. Доколку не се успее со Локатели, Јувентус како привремено решение би можел да го ангажира играчот за врска Темуе Бакајоко, кој летово ќе го напушти Челзи. зс/

Остани поврзан